Дома Фудбал Англија Скандал: Фудбалер на Евертон правел забава со манекенки за време на полициски час

Скандал: Фудбалер на Евертон правел забава со манекенки за време на полициски час

Младиот напаѓач на Евертон, Моис Кин се најде на удар на британската јавност бидејќи организирал оргии со манекенди и тоа за време на полициски час.

20-годишниот Кин, во својот апартман организирал домашна забава со манекенки иако на сила во Англија се строги мерки за социјално дистанцирање и карантин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот бил откриен по видео снимка, на која се гледа тој во добро одбрано друштво, на куќна забава. Од Евертон соопштија дека однесувањето на фудбалерот е неприфатливо, па најверојатно го очекува дисциплинска казна.

„Фудбалскиот клуб Евертон е запознат со инцидентот на првотимецот кој ги игнорирал мерките на Владата и клупските наредби поврзани со пандемијата на коронавирусот. Клубот изразува големо разочарување за играчот и сака да истакне дека таквото однесување е неприфатливо“ стои во клупското соопштение.

Кин во Евертон дојде минатата година, од редовите на Јувентус за 30 милиони евра, а после ова се засилија шпекулациите за негово заминување од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…