Дома Топ вести Ливерпул ја започна „операцијата Мбапе“

Ливерпул ја започна „операцијата Мбапе“

Медиумите на Островот пред неколку дена лансираа вистинска „бомба“ и пренесоа дека Ливерпул ќе се обиде ова лето да го донесе Килијан Мбапе на „Енфилд“.

„Сан“ пишува дека Ливерпул веќе размислува за можноста Мане да го напушти клубот ова лето, и тие сакаат да бидат подготвени за тоа. „Црвените“ бараат замена за Сенегалецот и Мбапе ќе биде првата мета.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Англискиот клуб веќе го направи првиот потег, медиумите открија дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во изминатите денови разговарал со таткото на Мбапе и го убедувал зошто е најдобро Французинот да се пресели на „Енфилд“.

Во Ливерпул се свесни дека покрај големата конкуренција, проблем може да биде и цената на Мбапе која изнесува минумим 200 милиони евра.

Поради тоа, за реализација на овој трансфер „црвените“ најпрво треба да продадат една своја ѕвезда – Садио Мане или Мохамед Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…