Манчестер Сити може изненадувачки да се вклучи во трката за потписот на Џејдон Санчо, пренесуваат медиумите на Островот.
Овој 20-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти. Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчо потекнува од школата на Манчестер Сити, но не можеше да се избори за место на „Етихад“, па се пресели во Дортмунд на позајмица, а „милионерите“ го откупија за само 8 милиони евра.
Сега за потписот на Санчо се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Челзи, но Гвардиола ја призна грешката и сака да го врати Англичанецот на „Етихад“ ова лето.
Манчестер Сити има 15% од правата на Санчо од следната продажба и поради тоа може да биде во предност. Борусија Дортмунд за неговата слобода бара 100 милиони фунти, од кои 15 милиони ќе му припаднат на „граѓаните“.
Манчестер Јунајтед важи за фаворит за потписот на Санчо, но Гвардиола во последен момент може да го „украде“ големиот талент.