Дома Останати УС Опен наместо во Њујорк, може да се игра во Индијан Велс?

УС Опен наместо во Њујорк, може да се игра во Индијан Велс?

Отвореното првенстви на САД би можело да се одржи во Индијан Велс оваа година, поради пандемијата со коронавирусот, пренесува „Марка“.

Њујорк, каде традиционално се одржува Гренд слем турнирот, е еден од градовите најмногу погодени од пандемијата од коронавирус, а спортскиот комплекс во моментов се претвора во привремена болница.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Калифорнија, каде се наоѓа Индијана Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот. Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири на АТП и ВТА календарот, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпревари од Гренд слем.

Турнирот во Индијан Велс беше првиот што не се одржа оваа година заради кризата со коронавирусот, а потоа беа одложени и „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Сепак, се очекува УС Опен оваа година да се одигра и тоа со почеток од 24-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…