Данил Шишкарев повеќе нема да заигра во дресот на Вардар, тоа стана јасно кога вчера ЕХФ ја објави одлуката да ги откаже сите осминафинални натпревари и на фајнл-форот во Келн да одат првопласираните екипи од А и Б групите.
Шишкарев од наредната сезона ќе го носи дресот на Веспрем. Рускиот ракометар жали што нема да има прилика да се прости од навивачите како што сакал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Очекував да се смени нешто затоа што здравјето е најважно. Сепак, тажен сум што нема уште еднаш да играм за Вардар во „Јане“, сакав уште еднаш да го почувствувам тој адреналин. Сакав и на најубав начин да се простам од навивачите како што и треба, но коронавирусот направи проблеми“, изјави Шишкарев.