Дома Трансфер зона Милан во Белгија најде замена за Ибрахимовиќ

Милан во Белгија најде замена за Ибрахимовиќ

Милан е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се очекува на лето „росонерите“ да останат без својот најдобар голгетер, Ибрахимовиќ, па примарна цел на Милан ќе биде доведување на нов напаѓач.

Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Тотенхем.

Сепак, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…