Не е тајна дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде примарна трансфер цел на Реал Мадрид. Овој трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација, па „кралевите“ смисија нова стратегија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека клупските челници никако не можат да постигнат договор со Килијан Мбапе, околу продолжувањето на соработката за уште неколку сезони.
Репрезентативецот на Франција има договор до 2022 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а токму тоа е и желбата на Реал Мадрид.
„Кралевите“ сакаат да ја повторат истата стратегија како со Еден Азар и кога Мбапе ќе влезе во последната година од договорот да го стават ПСЖ пред „свршен чин“.