Европската ракометна федерација (ЕХФ) се реши на навистина ригорозни одлуки по кои се чини дека македонскиот ракомете најголем губитник.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради пандемијата од коронавирусот од ЕХФ донесоа одлука да нема бараж натпревари за Светското првенство кое во 2021 е закажано во Египет. Така, Македонија нема да може да ги одмери силите против Франција и нема да учествува на следниот Мундијал.
Европскиот клупски владетел Вардар нема да има можност да ја брани титулата во Лигата на шампионите затоа што ЕХФ ги одложи елиминационите натпревари и ги одреди четирите тима кои директно ќе играат на Ф4 турнирот во Келн.
„За мене оваа одлука е апсурдна бидејќи до Ф4 турнирот многу играчи ќе играат во други клубови, Сагосен во групната фаза играше за ПСЖ, а во Келн ќе игра за Кил, тоа нема никаква врска со здравиот разум. Иако, јас веќе изјавив дека очекувам глупава одлука од ЕХФ, одлуката е донесена со декрет, никој нема право да се жали, а репрезентациите кои ги подготвуваа составите за СП сега нема да можат да се изборат за пласман. Но, од ЕХФ секогаш може да се очекува неочекуваното“, изјави Веселин Вујовиќ.