Дома Фудбал Останато Официјално: Сезоната во Холандија поништена, нема да има шампион

Официјално: Сезоната во Холандија поништена, нема да има шампион

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби и официјална потврда – сезоната во холандското првенство е поништена и нема да има шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација на Холандија во консултација со клубовите преку видео конференција одлучи да ја поништи сезоната.

Ова доаѓа непосредно по одлуката на Владата на оваа земја за забрана на јавни собири и спортски настани до 1 септември.

Ајакс и АЗ Алкмар ќе играат во плеј-офот од квлаификациите за пласман во групната фаза од ЛШ за следната сезона, додека Феенорд како третопласиран обезбедува пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

ПСВ и Вилием Втори ќе играат во второто квалификациско коло за пласман во Лига Европа.

Нема да има шампион но нема да има ниту тимови кои ќе испаднат во втората лига. Ова значи дека Ден Хаг и РКЦ Валјвик остануваат во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …