Дома Фудбал Останато Нејмар: Тешко ми е без фудбал, се борам против анксиозност

Нејмар: Тешко ми е без фудбал, се борам против анксиозност

Бразлската ѕвезда и најскап фудбалер на сите времиња, Нејмар призна дека многу му недостасува фудбалот и дека се бори против анксиозност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повеќе од еден месец фудбалот е стопиран поради пандемијата со коронаворус, а ѕвездата на ПСЖ се наоѓа во родниот Бразил.

И покрај фактот што Нејмар во самоизолација ужива во луксуз, сепак признава дека му е тешко без фудбал.

„Тоа што не знам кога ќе можеме да се вратиме на фудбалскиот терен, ми предизвикува анксиозност. Навистина ми недостасува фудбалот. Сигурен сум дека и навивачите сакаат што побрзо да ги видат фудбалерите на терен. Се надевам дека тоа ќе се случи што побрзо“, вели Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкотите ќе имаат проблем во Бостон, снемува пиво!

Шкотските навивачи во текот на Светското првенство консумирале огромни количини алкохол, д…