Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Вилијан се сели во Ливерпул

„Бомба“ од Островот: Вилијан се сели во Ливерпул

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан може да направи изненадувачки трансфер во Ливерпул.

Договорот на Бразилецот со Челзи истекува ова лето и Вилијан ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.

За неговиот потис се заинтересирани многу европски клубови, но 31-годишниот Бразилец преферира да остане во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан веќе започнал преговори со Ливерпул, кој е спремен да му понуди 3-годишен договор и да ги задоволи неговите финансиски барања.

Вилијан може да се пресели на „Енфилд“ и пред седум години, кога на клупата на „црвените“ беше Брендон Роџерс, но тогаш Бразилецот го избра Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…