Кристијано Роналдо игра фантастична сезона, а финалето во Кардиф би можело да биде “шлаг на тортата“.
Имено, досега ниту еден играч не успеал да постигне барем еден погодок на три финални средби, а Роналдо во сабота против Јувентус ќе има шанса за такво нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот, досега погодуваше на две финални средби како и Лионел Меси, Раул Гонзалес и Самуел Ето.
Роналдо прв пат во едно финале од Лигата на шампионите погоди во 2008 година, кога стигна до титулата во дресот на Манчестер Јунајтед. За нова радост во финалните средби чекаше цели шест години, а стрелаше како играч на Реал Мадрид во финалето против Атлетико Мадрид.
Интересно е што секогаш кога Роналдо постигнувал гол за неговиот клуб во финалето, тој клуб на крајот се радувал на титулата.