Tимот на Вардар во 2017 година успеа да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа.
Во натпреварите од групната фаза Вардар немаше кој знае какви резултати, вчера ве потестивме на моментот за кучето на арената во Скопје кога гостуваше Розенборг (тука), а денес ќе се навратиме на велемајсторскиот гол на Хуан Фелипе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој момент за паметење се случи исто така против Розенборг, но на гостински терен. Фелипе во стил на најголемите фудбалски мајстори го лобуваше противничкиот голман.
Голот на Фелипе е на 20. секунда.
Звучи смешно, но овој гол тогаш се споредуваше со епскиот на Марадона во 1982 на „Маракана“ во дресот на Барселона.
Инаку, Фелипе тогаш беше миленик на вардаровите навивачи, но подоцна со некои изјави по трансферот во Шкендија го навлече гневот фановите на Вардар. За да биде уште полошо за него тој трансфер во Шкендија за него се покажа како апсолутно промашување.