Во 2017 година Вардар направи историски успех пласирајќи се во групната фаза од Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардар до групата од второто по ранг натпреварување во Европа стигна елиминирајќи го турскиот гигант Фенербахче. Во натпреварите од групите црвено-црните сепак немаа некои големи резултати, меѓутоа она што не е поврзано резултатски и момент кој сигурно ќе остане запамтен е кучето кое се појави на теренот во Скопје.
На домашен терен во Скопје Вардар играше со Розенборг, а во еден момент натпреварот беше прекинат од непоканет гостин. Куче од некаде се појави на тревата. Прв кој му пријде беше голманот Филип Гачевски, по неколку моменти и малата брканица со редарите кучето го напушти теренот.
Ова воедно беше и последниот натпревар на Вардар од групната фаза.
За тој момент пишуваа и најпознатите светски медиуми.


