Дома Трансфер зона Анчелоти ја „краде“ новата бразилска ѕвезда пред носот на гигантите

Анчелоти ја „краде“ новата бразилска ѕвезда пред носот на гигантите

Премиерлигашот Евертон покажува силен интерес за напаѓачот на Гремио и бразилски репрезентативец, Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

Новиот тренер на „карамелите“, Карло Анчелоти, бара засилување во нападот, откако го смени системот во 4-4-2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извршниот директор на бразилскиот клуб, Клаус Камара, го потврди интересот на Евертон, но истакна дека се уште не пристигнала официјална понуда.

23-годишниот напаѓач веќе подолго време е на радарот на многу европски клубови, а Гремио за неговата слобода бара мнајмалку 40 милиони евра.

За Евертон интерес покажуваат уште Манчестер Сити, ПСЖ, Барселона и Милан, па Евертон сака да ја победи конкуренцијата и што е можно побрзо да го договори трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…