Бразилецот Малком помина само една сезона во Барселона и не воодушеви, па беше испратен на позајмица во Зенит.
Малком во Русија заработи тешка повреда, а за тоа ги обвинува методите и лесните тренинзи во Барселона.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Тука се тренира двојно повеќе отколку во Барселона. На тренинг одиме двапати дневно, додека во Барселона тренинзите траеја по 40-50 минути на ден. Можеби и затоа почесто се повредував“, открива Малком.
„Од времето кога бев во Барселона носам убави спомени. Прво нешто на кое ќе се сетам е голот што му го дадов на Реал Мадрид. Вториот гол на кој со задоволство се сеќавам е кога против Интер во Лигата на шампиони влегов како резерва, а со првиот допир на топката успеав да погодам“, додава Бразилецот.