Дома Актуелно Фановите во транс: Ајакс го врати Хунтелар!

Фановите во транс: Ајакс го врати Хунтелар!

Клас Јан Хунтелар е повторно во Ајакс!

Холандскиот гигант веќе објави дека легендарниот напаѓач се враќа на „Амстердам Арената“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хунтелар црвено-белиот дрес го носеше од 2006 до 2008 година, дебитираше против НЕЦ, после што одигра 136 натпревари и постигна 105 погодоци. Со Ајакс освои два национални купа и два Суперкупа.

После Ајакас Хунтелар го носеше дресот на Реал Мадрид и Милан, додека од 2010 година до денес беше члена на германски Шалке, клуб за кој одигра 240 натпревари и постигна 126 погодоци.

„Не е тајна дека Ајакс е мој клуб. Мило ми е што се вратив. Мојата улога е јасна, тука не сум за да се докажувам. Во сезоната која заврши овој клуб одигра скоро 60 натпревари, а еден напаѓач не може да го издржи тоа темпо. Со нетрпение ги чекам припремите, освоив трофеи со овој клуб, но не и титула“, изјави Хунтелар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би…