Вардар низ својата историја донел во Скопје многу славни екипи, а една од таквите сигурно е онаа на Бордо во 1995 година.
Во таа 1995 година Вардар во квалификациите за Купот на УЕФА (денешна Лига Европа) се сретна со француски Бордо. Тоа беше Бордо во кој игра легенди како Биксенте Лизарзу и Кристоф Дугари, за помладите станува збор за едни од најголемите француски фудбалери низ историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар се одигра на 14. септември во Скопје.
Од клупата црвено-црните беа предводени од Добре Димовски.
СОСТАВИ:
Вардар: Муарем Зекири, Светозар Станковски, Игор Николовски, Сашо Караџов, Љупчо Марковски, Бојчевски, Зоран Јовановски, Јурица Силјановски, Жарко Серафимовски, Горан Петрески и Артим Шаќири.
Бордо: Гатен Хуард, Жан-Лук Догон, Јаник Фишер, Вилиам Пруниер, Франсис Гренет, Биксенте Лизарзу, Фелипе Лукас, Даниел Дутел, Ричард Витаж, Ентони Банкарел, Кристод Дугари.
Тренер на овој тим на Бордо беше Славо Муслин.
Головите за Бордо на „Градски“ ги постигна Банкарел во 25. и 75. минута. Капитени на тимовите беа Љупчо Марковски кај Вардар и Лизарзу кај Бордо.
Реваншот во Франција се одигра на 28 септември и Вардар успеа да остане непоразен, таа средба заврши 1:1.
Составите беа скоро исти кај Вардар само на местото на Силјановски започна Вујовиќ. Вардар прв дојде до водство преку Серафимовски во 58. минута, но само три минути подоцна легендарниот Лизарзу ги постави конечните 1:1.
Колку беше силен овој тим на Бордо покажува и тоа што истата сезона Бордо стигна до финалето во Купот на УЕФА каде што беше поразен од Баерн Минхен.