Дома Фудбал Останато Марадона раскажува за „божјата рака“: На сите им кажував, молчете и гушнете ме (ВИДЕО)

Марадона раскажува за „божјата рака“: На сите им кажував, молчете и гушнете ме (ВИДЕО)

Пред 34 години Диего Марадона ги постигна едни најславните голови во историјата на фудбалот. Во четврртфиналето од Светското првенство во Мексико благодарение на него Аргентина ја победи ја Англија.

Прво го постигна можеби најконтроверзниот гол во историјата – со рака го измами англискиот голман и тунскиот судија Бин Насер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скокнав, но не доволно високо, па ми дојде да ја допрам топката со рака. Во воздухот размислував дека нема шанси да успеам да ја удрам со глава, а потоа се сетив дека имам рака. Не знаев ни каде отиде топката после ударот, се свртев и видов дека е во мрежата и почнав да се радувам. Прво ми пријде соиграчот Чечо и ме праша дали постигнав гол со рака. Му реков да молчи и да ме гушне. Дојде Валдано со истото прашање, го доби истиот одговор“, зборуваше Марадона.

Четири минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелци со прекрасен гол.

„Неколку пати се сретнав со судијата од тој натпревар. Тој го обвинува помошникот кој покажал дека е се чисто. Не се виновни судиите, на стадионот имаше 80.000 луѓе и никој не го виде тоа“.

Подоцна Аргентина стана светски шампион на тоа првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како професионалец одигра 432 минути. Челзи подготвува понуда од 55 милиони евра

ЕСТЕВАО ВИЛИАН, 17-годишното десно крило на Палмеирас, е новото чудо од дете во Бразил и в…