Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
Последните информации од Германија се дека Сане веќе постигнал комплетен договор со Баварците и двата клуба започнале преговори околу обештетувањето.
„Билд“ пренесува дека цената на трансферот со вклучени бонуси би требало да изнесува 80 милиони евра.