Дома Трансфер зона Ѕвездата на Леверкузен ќе биде достапен за НУЛА евра, се води голема битка за неговиот потпис

Ѕвездата на Леверкузен ќе биде достапен за НУЛА евра, се води голема битка за неговиот потпис

Ова лето ќе има многу фудбалер кои стануваат слободни агенти, а еден од нив е и играчот за врска на Баер Леверкузен, Чарлс Арангуиз.

Искусниот Чилеанец во Германија пристигна во 2015 година, откако блесна во дресот на репрезентацијата на Копа Америка.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Арангуиз во последно време блеска во дресот на „фармацевтите“, па ова лето ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот, особено поради фактот што ќе биде слободен агент.

Многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, а сега се појави информација дека и Баерн Минхен се вклучил во битката за потисот на Чилеанецот.

Баварците сакаат да го донесат 30-годишниот фудбалер бидејќи бараат играч за ротација, кој има искуство во Бундеслигата.

Сепак, Арангуиз преферира да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа и ќе биде прва опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…