Останувањето на Арсен Венгер во Арсенал е лоша вест за Барселона бидејќи тоа ги намалува шансите да дојдат до потписот на Хектор Белерин, пренесуваат каталонските медиуми.
Белерин е многу поврзан со францускиот стратег и евентуално негово заминување од „Емирати“ можеше да се случи само ако Венгер го напуштеше клубот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Поради тоа каталонските медиуми тврдат дека Барселона сега ќе се насочи кон играчот на Челзи и шпански репрезентативец, Цезар Аспиликуета.
27-годишниот дефанзивец имаше фантастична сезона во Челзи и новиот тренер Ернесто Валверде го гледа како идеално засилување за неговиот тим.
Наводно челните луѓе на Барса веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер, но тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи на негово заминување.
Во секој случај, јасно е дека приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на десен бек, каде оваа сезона принудно играше Серџи Роберто.