Фернандо Редондо беше идол на многу навивачи на Реал кои во периодот од 1994 до 2000 година можеа да уживеаат во неговите мајстории.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред 22 години аргентинскиот играч заврска блескаше во полуфиналалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а сега „Марка“ се потсети на тие негови натпревари.
„Можете ли да ги замислите Модриќ, Крос и Касемиро во еден играч? Тоа беше Редондо за оние кои не го гледале“, гласи насловот на мадритскиот медиум.
Редондо со Реал освои две титули во Лигата на шампионите, а многумина го паметат во спектакуларниот продор и асистенција во 2000 година против Манчестер Јунајтед. Кариерата ја заврши во 2004 во Милан.