Дома Фудбал Англија Погба: Фергусон во 2012 година ми го скрши срцето

Погба: Фергусон во 2012 година ми го скрши срцето

Пол Погба ги помина сите младински категории на Манчестер Јунајтед, но откако не доби вистинска шанса во првиот тим во 2012 година го напушти „Олд Трафорд“ и се пресели во Јувентус.

Тогаш 18-годишниот Погба како слободен агент се пресели во Јувентус, каде стекна фудбалска афирмација и после неколку години за 105 милиони евра се врати на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Погба сега призна дека одлуката да го напушти Јунајтед во 2012 година не била лесна, но Алекс Фергусон му го „скршил срцето“.

„Тоа беше многу тешка одлука за мене поради се што се случуваше. Алекс Фергусон за мене е најдобриот тренер на сите времиња, но факт е дека ме повреди. За него без последна опција. На мечот против Блекбурн немаше доволно играчи за врска поради повреда и тогаш во средниот ред играа Рафаел и Парк, а мене ме остави на клупа цел натпревар. Потоа одлучи да го повика Сколс да се врати од пензија и тоа беше понижување за мене“.

„Тогаш ми го скрши срцето. Знаев дека морам нешто да променам, бидејќи очигледно Фергусон не веруваше во мене, па одлучив да се преселам во Јувентус. Тоа беше тешка одлука, почнував од нула. Но знаев дека тоа е вистинскиот пат и се покажа како исправна одлука“, раскажува Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…