Грем Соунс, капитенот на трофејниот Ливерпул од 80-тите и шкотската легенда денес работи како аналитичар на Премиер лигата на „Скај Спорт“.
Во Англија новите генерации го паметат како „оној кој не го сака Погба“. Имено 66 годишниот Соунс ја користи скоро секоја прилика да го испровоцира Французинот за кој Манечстер Јунајтед му плати 103 милиони евра во 2016 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба неодамна беше запрашан да даде свој коментар за Шкотот.
„Не знам навистина кој е тој. Слушнав дека бил одличен играч и слични работи. Не знам како изгледа. Како што кажав не гледам многу аналитички емисии. Гледам фудбал, но останувам после натпреварот да слушнам што се зборува и анализира“, изјави 27 годишниот Французин.
По оваа изјава на Погб и Соунс не му остана должен.
„Ми пажа онаа најстара работа во фудбалот – нека ги стави своите медали на маса!“, изјави во вторникот за „Скај“.