Дома Фудбал Англија Погба: Едвај чекам да се вратам на терен, долго време без исфрустриран

Погба: Едвај чекам да се вратам на терен, долго време без исфрустриран

Пол Погба поради повреда пропушти голем дел од оваа сезона, па истакна дека едвај чека да се врати на терените.

Французинот е при крај со рехабилитацијата и требаше да се врати на терените, но првенството беше стопирано поради пандемијата со коронавирусот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Погба тренира и ја одржува физичката форма, па едвај чека да продолжи првенството за да се врати на терените.

„Сега веќе можам да тренирам и да се движам со топка. Многу долго време бев исфрустриран но сега сум тука, размислувам само за тоа да се вратам на тренинг и заедно со мојот тим да продолжиме да напредуваме“, изјави Погба.

„Не знам дали луѓето знаат што точно се случи. Го повредив стапалото на почетокот на сезоната. Таа повреда ја влечев долго време, тренирав и се обидував да играм така. После тоа дознав дека дошло до фрактура, па морав да одам на операција. Сега конечно повредата е зад мене и се чувствувам добро“, истакна Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…