Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Вили Сањол откри дека се обидел да го донесе Рафаел Варан во баварскиот гигант.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, од Баерн не биле заинтересирани за Французинот, кој веднаш потоа направи трансфер во Реал Мадрид.
„Кога работев како скаут во Баерн, еден пријател ми се јави и ми кажа: Дојди во Ленс, ќе ти покажам еден исклучителен талент“. Појдов и навистина останав импресиониран. Варан играше како играч за врска во првото полувреме и како дефанзивец во второто. Неговата зрелост беше неверојатна за толку млад фудбалер“, открива Сањол.
„Брзо влегов во преговори со раководството на Ленс и разбрав дека може да го донесеме за 5 милиони евра, со вклучени бонуси. Меѓутоа, кога ја пренесов информацијата во Баерн, спортскиот директор ми рече дека тоа се многу пари за 18-годишен играч. Два месеци подоцна Варан се пресели во Реал Мадрид за 10 милиони евра“, додаде Сањол.