Одбранбениот фудбалер на Интер, Диего Годин после само една година во Милано би можел да ги напушти „Нероаѕурите“.
Порталот „Фудбал Италија“ пренесува дека за 34 годишниот Уругваец интерес покажале Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот дефанзивец пред доаѓањето во Интер го носеше дресот на Атлетико Мадрид и во 2014 година ја освои Ла Лига со „јорганџиите“. Претходно настапуваше за Виљареал, Национал и Сера.
Уругваецот има договор со Интер до 30. јуни 2022, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на осум милиони евра.
Diego Godin is expected to leave Inter this summer, with Manchester United or Tottenham Hotspur his most likely destination https://t.co/NcGv4tHwz2 #FCIM #MUFC #THFC #Uruguay #Atleti pic.twitter.com/30STFpnava
— footballitalia (@footballitalia) April 12, 2020