Дома Трансфер зона „Марка“ пишува нешто што звучи нереално: Реал ќе ги купувал и Мбапе и Халанд!? (ФОТО)

„Марка“ пишува нешто што звучи нереално: Реал ќе ги купувал и Мбапе и Халанд!? (ФОТО)

Додека нема спортски случувања шпанска „Марка“ објави вест која звучи сензационално – Реал спремен да ги купи и Халанд и Мбапе!

Халанд и Мбапе се во фокусот на „кралевите“ и спроед она што го пишува „Марка“ тие се скро одоговорени, но не е јасно како Реал ќе има пари после пандемијата да ги купи двајцата, а дополнително е тоа што на двајцата треба да им се дадат прилично големи плати.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Тие пишуваат дека Халанд би дошол за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд, додека Мбапе за 180 милиони евра затоа што има договор до 2022 година. Како нешто што оди во прилог на Реал се наведува тоа што Мбапе ги одбил сите понуди од ПСЖ за продолжување на договорот.

Токму кризата која ќе настане со цените на фудбалерите, „Марка“ ја наведува како еден од адутите на Реал затоа што во условно кажано нормални услови би требало да платат за двајцата 400 милиони евра, вака до нивните услуги би стигнале за 250.

Изгледа нереално, но останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…