Дома Фудбал Англија Бајката од 2016: Гигантите се поклонија пред господинот Раниери и шампионското друштво!

Бајката од 2016: Гигантите се поклонија пред господинот Раниери и шампионското друштво!

Една од најубавите бајки во историјата на фудбалот дефинитивно ја испиша англиски Лестер во 2016 година.

Лестер таа година сензационално пред гигантите успеа да заврши како првопласиран. Таа сезона Лестер тргна добро од самиот старт, а во јавноста констатно се поставуваше прашањето уште колку можат да издржат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ретко кој очекуваше дека можат да одат до крај, се мислеше дека е само прашање на време кога ќе почнат да губат чекор, но тоа не се случи и креираа една бајка каква што изгледаше дека е невозможно да видиме во модерниот фудбал.

Титулата Лестер ја обезбеди на две кола пред крајот откако Челзи и Тотенхем одиграа 2:2, тоа беше последниот натпревар од тоа 36. коло.

Уште поневеројатно е кога ќе се погледне за колку пари пристигнаа Марез, Варди, Канте…Сите на фотографија пристигнаа за 22.2 милиони фунти. Сума за која тешко можете да купите и некој просечен играч, но ова е доказ супер работата која ја одработи скаут тимот на „лисиците“.

И секако не треба да се заборави и човекот кој го склопи овој тим во шампионски состав – господинот Клаудио Раниери!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…