Зинедин Зидан од фудбалот се прости со црвениот картон во финалето на Светското првенство во 2006 година против Италија.
Францускиот играч за врска имаше фантастична кариера, но она што го направи во финалето фрли дамка на се што направи претходно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тоа финале Зидан го удри Матераци со глава и заработи исклучување. Италија потоа на пенали стигна до титулата. Потегот на Зидан бил неопростив за соиграчот од репрезентацијата и член на Баерн, Вили Сањол кој со него не зборувал цели две години.
„После натпреварот Зидна се извини во соблекувалната. Тоа извинување јас уште не сум го прифати, не сакав воопшто да разговарам со него“, изјави Сањол.
Тој одлучил утехата да ја побара во цигарите и за 10 минути испушил неверојатен рбој.
„Отидов во купатилото и испушив 250 цигари за 10 минути. Со Зидан не разговарав две години. Сепак во 2008 година кога правев свадба мојата сопруга ме убеди да го повикам. Тоа го направив, разговаравме и решивме се“, изјави Сањол.
Сањол за Баерн играше девет години и настапи на повеќе од 250 натпревари, а во едно време го предводеше Баерн и тоа откако во 2017 година Анчелоти доби отказ. Неговата епизода траеше само осум дена после што екипата ја превзема Јуп Хејнкес, а Сањол замина од клубот и се прости од тренерската работа.