Дома Трансфер зона Барселона се засилува од Ница, но не со Марио?

Барселона се засилува од Ница, но не со Марио?

Во екипата на Барселона ова лето се очекуваат големи промени, а првата промена веќе се случи, каталонскиот клуб за тренер го доби Ернесто Валверде.

Управата на Барселона одлучи да не му понуди нов договор на Луис Енрике, а на негово место во клубот пристигна Ернесто Валверде, сега веќе поранешниот менаџер на Атлетик Билбао.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона има намера оваа сезона да направи “ремонт“ на екипата. Неколку фудбалери се во потрага по нов клуб, а се очекува на „Ноу Камп“ да пристигнат неколку засилувања. Валверде веќе има листа со засилувања, а многумина се изненадија што на неа се наоѓа и младиот дефанзивец на Ница, Малаг Шар.

Наводно, Барселона сака да го доведе овој 18 годишен фудбалер на Ница кој блескаше оваа сезона во француското првенство. Шар одигра 32 натпревари, постигна еден погодок и запиша една асистенција. Сеуште не е познато, колкава сума Французите ќе бараат за услугите на овој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…