Се поблиску сме до разделбата помеѓу Гризман и Атлетико Мадрид, односно се поблиску до трансферот на Гризман во Манчестер Јунајтед.
Со месеци се пишува за неговото заминување во Манчестер, а сега Гризман го информирал и раководството на клубот од Мадрид. Новинарот на страницата „COPE“, Антонио Руиз дознал, па објавил дека францускиот напаѓач им соопштил на раководството на клубот дека сака да го напушти клубот и да си замине во Манчестер Јунајтед.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Според ова, сега сосема е јасно што може да се случи со Гризман во претстојниот трансфер период. За разговорот во неговиот дом се зборуваше во претходниве денови.
„Дали постои шанса да заиграте за Манчестер Јунајтед следната сезона? Да, тоа е можно“, одговори Гризман неодамна за францускиот „Quotidien“.
На прашањето колку се шансите од „1 до 10“ да заиграте во дресот на Јунајтед, одговори „шест“.