Пандемијата од коронавирусот направи хаос скоро во цела Европа, а голем дел од населението се во домашна изолација, па така и фудбалерите.
Сите спортски натпреварувања се прекинати пред еден месец и се уште не е познато кога сезоната би можела да се продолжи. Фудбалерите имаат упатства од клубовите како треба да работат додека се во нивните домови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во домашна изолација е и Мартин Брајтвајт кој неодамна потпиша за Барселона. Данецот успеа да одигра три натпревари за Барселона пред натпреварувањето да биде прекинато.
Брајтвајт призна дека изолацијата веќе му здосадила и едвај чека работите да се вратат во нормала. Колку му е досадно најдобро покажува објавата на неговиот Инстаграм профил.
Имено, играчот на Барселона одлучи да се ишиша како Бразилецот Роналдо на Мундијалот во 2002 година.