Дома Фудбал Англија Мурињо го навлече гневот на јавноста – имаше тренинг на отворено (фото)

Мурињо го навлече гневот на јавноста – имаше тренинг на отворено (фото)

Во време на пандемијата на коронавирусот во Англија се донесени порестриктивни мерки, па луѓето на отворено треба да држат растојание од два метра.

Таквите препораки не ги почитуваа Жозе Мурињо и уште тројца фудбалери на Тотенхем кои самоиницијативно тренирале во парк во Хедли Комон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тотенхем ги предупреди своите sвезди да не ја прекинуваат изолацијата, туку и правилата при напуштање на куќата. Ова е прекршување бидејќи фотографиите покажуваат дека играчите се премногу блиску еден до друг и не ја почитуваат далечината.

Еден од фудбалерите кој тренираше со Мурињо беше Танги Ндомбеле, додека другите двајца, наводно, биле Девинсон Санчез и Рајан Сесењон.

Јавноста во Англија го осуди ваквото однесување, а и Тотенхем преку соопштение потврди дека не се согласува со ваквата одлука на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ги стави на пауза преговорите со Ридигер

> Договорот на Антонио Ридигер (32 години) со Реал Мадрид истекува на крајот на оваа сезон…