Дома Фудбал Италија Дибала и неговата девојка повторно позитивни на коронавирус

Дибала и неговата девојка повторно позитивни на коронавирус

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Оријана Сабатини повторно се позитивни на коронавирус.

Фудбалерот на торинскиот тим на 21. март соопшти дека тој и неговата девојка се позитивни на вирусот, а претходните денови резултатите беа негативни.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, новиот тест покажа повторно присуство на коронавирусот, а тоа го потврди Оријана.

„На 21. март направивме тест и бевме позитивни. Пред три дена направивме тест кој беше негативен, а потоа негативен беше уште еден. Меѓутоа, последниот тест кој го напправивме е повторно позитивен. И натаму сме заразени и искрено не знам како сето ова делува. Еден тест позитивен, друг негативен.“ – открива Оријана.

Дибала и Оријана ќе мораат повторно во карантин. Претходните денови фудбалерот на Јувентус се чувствуваше добро, а тоа е случај и сега.

„Се чувствувам многу подобро откако имав некои симптоми неколку дена. Можам да се движам и ќе се обидам да продолжам со тренинзи.“ – изјави Дибала пред неколку денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Не сакаат сите Мундијал со 64 репрезентации

Идејата за Светското првенство во 2030 година со 64 репрезентации не би требало да се разг…