Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Икер Касиљас ова лето би можел да го засили Пари Сент Жермен.
На легендарниот шпански голман му истекува договорот со Порто, па извесно е дека екс голманот на Реал ќе ја промени средината.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
ПСЖ има големи анбиции за следната сезона и смета дека Касиљас ќе биде идеално решение за голот поради неговото искуство и харизма.
Како што наведува еминентниот „Екип“, Касиљас е голема желба на сопствениците на ПСЖ кои веќе стапиле во контакт со 36-годишниот голман.
Пред неколку дена се шпекулираше дека легендарниот голман ќе заврши во Ливерпул, тој самиот истакна дека би сакал да заигра во Серија А, но во моментов ПСЖ е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Iker Casillas a été proposé au PSG par le FC Porto. Mais Paris n'est pas certain de vouloir recruter un gardien https://t.co/v4ChThfo9X pic.twitter.com/rLt7clm9H3
— L'ÉQUIPE (@lequipe) May 30, 2017