Ефект на пандемијата од коронавирусот сигурно ќе се почувствува и во светскиот фудбал, не само во смисла на спортски активности, туку и во сферата на економските случувања.
Вредноста на одредени клубови и играчи падна во некои случаи за повеќе од 30%. Меѓутоа Клаудио Лотито нема намера да ја намали цената за Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Додека спортскиот директор на Лацио, Игли Таре најавува дека играчите и стручниот штаб по пример на Јувентус, Интер и многу клубови ширум Европа привремно ги намалија платите, тврдиот преговарач Лотито не попушта за него Сергеј и во оваа ситуација вреди 120 милиони евра.
Поради кризата астрономски суми летово тешко може да се очекуваат, но така не мисли Лотито барем не за неговиот играч.
Ова веројатно значи дека Сергеј и ова лето нема да го напушти Лацио.