Дома Трансфер зона Минатото лето остана, сега заминува, но каде?

Минатото лето остана, сега заминува, но каде?

На повидок е голем трансфер во редовите на Лестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најдобрите фудбалери на минатогодишниот англиски шампион, денес соопшти дека е спремен да го направи следниот чекор во кариерата.

Марез минатото лето беше блиску до заминување,  но сепак се одлучи да остане, после освоената титула и пласманот во Лигата на шампионите.

„Со сета почит кон фудбалскиот клуб Лестер и неговите фанови, сакам да бидам отворен и искрен. Му соопштив на клубот дека е време да направам нов чекор. Минатото лето имав отворен разговор со претседателот и се договоривме да останам уште една година за да му помогнам на клубот во развојот и Лигата на шампионите. Амбициозен сум и чуствувам дека е вистински момент да пробам нешто ново. Имав четири фантастични сезони тука и  со сите во клубот сум во добри односи“, искрен беше Марез.

Неговата вредност се проценува на околу 40 милиони евра, минатото лето го сакаа Арсенал, Челзи и Барселона, а ќе видиме што ќе се случи после слабата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…