Дома Фудбал Потврдено: Венгер уште две години во Арсенал

Потврдено: Венгер уште две години во Арсенал

Заврши сагата околу иднината на Арсен Венгер во Арсенал. Францускиот стратег денес стави потпис на нов двегодишен договор со „топџиите“.

Иднината на Венгер во Арсенал беше неизвесна, но веднаш после освојувањето на ФА Купот стратегот имаше состанок со раководството на „топџиите“.

Актуелниот договор на Венгер истекуваше оваа година, голем дел од фановите бараа тренерска смена, но раководството му понуди нов договор.

Денес официјално лондонскиот клуб соопшти дека Вангер ставил потпис и дека во наредните две години ќе биде на чело на „топџиите“.

Арсенал сезоната во Премиер лигата ја заврши на 5-то место, па за прв пат после 19 години нема да игра во Лигата на шампиони следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Бернабеу“: Алавес го урна Реал, Белингам заврши со црвен картон!

Алавес победи со 2-1 во Мадрид, иако Реал имаше 24 удари и 74.3% посед. Мбапе само намали,…