Дома Фудбал Останато Фудбал ќе има дури кога ќе има вакцина за Ковид-19?!

Фудбал ќе има дури кога ќе има вакцина за Ковид-19?!

ФИФА, УЕФА како и другите фудбалските организации прават напори да пронајдат нов календар за продолжување на сезоната меѓутоа препораките од СЗО (Светската здравствена организација) воопшто не се добри и не влеваат надеж дека за брзо време ќе гледаме фудбал.

СЗО порачува дека не смее да се игра фудбал додека не биде пронајдена вакцина за коронавирусот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новинарот Даниел Бјанки објави дека јужноамериканската федерација (КОНМЕБОЛ) добила писмо од СЗО во кое стои дека не треба да се игра ниту еден фудбалски натпревар додека сите фудбалери не бидат вакцинирани. Ако овие информации се точни значи дека нема да има фудбал најмалку во наредните шест месеци.

Научниците низ светот во овие моменти работат на пронаоѓањето вакцина за новиот Ковид-19, меѓутоа признаа дека тоа не може да биде брзо. Инаку, доколку навистина фудбал не се игра шест месеци значи дека сезоната под знак прашалник, но и повторно се доведуваат во прашање големите натпреварувања кои од ова лето беа одложени за наредното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милер: Вирц би бил многу покритикуван ако играше за Баерн

Флоријан Вирц, ѕвездата на Ливерпул, би се соочил со многу поголема критика доколку ја пок…