Иако преодниот рок официјално сеуште не е започнат, новото раководствот на Милан е едно од најактивните на трансфер пазарот и покажува дека клубот ќе има големи амбиции за следната сезона.
Генералниот директор на „росонероте“, Марко Фасоне најави дека ова лето на „Сан Сиро“ ќе пристигнат големи засилувања, а планот полека се остварува.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Рано утринава, седумкратниот европски првак го претстави своето прво засилување за новата сезона Матео Мусакио кој доаѓа од Виљареал. Аргентинскиот репрезентативец потпиша договор на четири сезони и ќе биде партнер на Ромањоли во одбраната.
#ACMilan announces signing @MateoMusacchio5 from @VillarrealCF on a 4-year contract through to 30 June 2021 #welcomeMusacchio pic.twitter.com/L1FSt7fxpP
— AC Milan (@acmilan) May 30, 2017
Исто така утрово на медицински прегледи во Милано пристигна најголемото откритие оваа сезона во Серија А, Франк Кесие од Аталанта. Играчот за врска во текот на денот треба да потпише 4-годишен договор, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 28 милиони евра.
Сепак, „Газета дело Спорт“ најавува дека е договорен трансферот на Рикардо Родигез од Волфсбург кој треба во петок да пристигне на прегледи во Милан, а вистинската „бомба“ ќе следува во понеделник.
Имено, директорите на Милан во понеделник ќе патуваат во Мадрид на средба со Флорентино Перез и ќе му ја претстават понудата од 60 милиони евра за Алваро Мората.
Шпанскиот голгетер сака да се врати во Италија и веќе постигна комплетен договор со Милан каде ќе заработува 8 милиони евра по сезона и ќе биде најплатен играч во Серија А.