Дома Фудбал Останато Го имаме првиот клуб кој банкротираше поради Ковид-19

Го имаме првиот клуб кој банкротираше поради Ковид-19

Словачкиот клуб Жилина прогласи банкрот поради тешката финансиска состојба која ја предизвика пандемијата со коронавирусот.

Клубот објави дека финансиската ситуација е очајна, а играчите добија дозволи да си бараат нови клубови.

Датумот кога клубот и официјално ќе оди под стечај е за еден месец, 30. Април. Ова значи дека сите играчи на клубот од тој датум ќе бидат слободни.

Жилина имаше проблеми и пред кризата, а пандемијата и стопирањето на активностите само ги влоши работите. Инаку, Жилина е седумкратен шампион на Словачка, а пред прекинот на првенството беше на второто место на табелата во шампионатот на Словачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веќе не го сакаат: Еве што го дочека Алварез утрово во тренинг-центарот (Фото)

Хулијан АлвареЗ стана централна фигура откако испливаа нови детали за неговата потенцијалн…