Поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез се налути на однесувањето на Ванда
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ванда често пати знае да го обвини Лопез дека тој не плаќа алиментација за децата, додека Лопез и возвраќа дека таа е лакома за пари и не знае добро да се грижи за децата.
Причина за реакцијата на Лопез е заминувањето на Ванда од Париз и одењето во Ломбардија која е најголемото жариште во светот на коронавируост во овој момент.
„Добро жено, имаш ли ти нешто во главата!? Одиш со децата од град во град додека цел свет е стопиран поради Ковид-19. Што ти е поважно од децата!? Тоа што не водиш грижа за себе воопшто не ми е гајле, но имаш пет деца поради нив треба малку да се замислиш што правиш“, гласи пораката на Лопез.
Инаку, ќе потсетиме Лопез и Ванда беа заедно се додека таа не се реши да го изневери и место него да го избере до тогаш најдобриот пријател на Лопез, Икарди. Од тогаш двајцата фудбалери не се во контакт.