После Нејмар, Тиаго Силва и Кавани, кои го напуштија Париз поради коронавирусот и се вратија во своите татковини, истото го направи и Кејлор Навас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бившиот голман на Реал Мадрид сфати дека ситуацијата во Париз излегува од контрола, па направил се за да се врати во Костарика.
„ЕСПН“ пренесува дека 33-годишниот голман со приватен лет на 27-ми март го напуштил Париз и се вратил во Костарика, а тоа го чинело 220.000 долари.
Навас, според правилата ќе мора да остане сега 14 дена во изолација, а истото го чека и кога повторно ќе се врати во Париз.