Дома Фудбал Италија Касиљас: Навивам за Реал, но Буфон заслужи трофеј во ЛШ

Касиљас: Навивам за Реал, но Буфон заслужи трофеј во ЛШ

Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас во пресрет на финалето во Лигата на шампоните изјави дека чуварот на мрежата на Јувентус, Џиџи Буфон, заслужи да го освои пехарот.

„Да не е противник во финалето Реал ќе му посакав од сесрце на Буфон да го освои пехарот. Навивам за Реал, но кариерата на Џанлуиџи не би смеела да заврши без титула во Лигата на шампионите. Освои речиси сè, само ја нема Лигата на шампионите“, изјави Касиљас за „Газета дело Спорт“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Касиљас, кој е слободен играч откако му заврши договорот со Порто, истакна дека Буфон има шанса да ја добие „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер.

„Покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво иако има 39 години. Може да ја добие Златната топка, но тоа е малку комплицирано бидејќи е голман. Во финалето може да покаже дека ја заслужува“, заклучи Касиљас кој не ја исфрли можноста кариерата да ја продолжи во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…