Дома Фудбал Италија Пандев пред потпис на нов договор со Џенова!

Пандев пред потпис на нов договор со Џенова!

Горан Пандев полека влегува во залезот на кариерата, но и понатаму капитенот на македонската фудбалска репрезентација игра фудбал на највисоко ниво.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голема желба на Пандев е со Македонија да се пласира на едно Европско првенство за тоа имаше можност ова лето, но сепак тоа сигурно нема да се случи затоа што собирот на најдобрите европски селекции е одложен за летото 2021 поради пандемијата со коронавирусот.

Секако, Македонија за пласман прво треба да го победи Косово во полуфиналето од баражот за ЕП, па потоа да слави и во финалето против Белорусија или Грузија.

Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека токму поради ова Пандев нема да ја заврши кариерата на 36 години и ќе го обнови договорот со Џенова. Според информациите клубот веќе му понудил да потпише нов едногодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…