Дома Топ вести Погба во Шпанија – сега или никогаш!

Погба во Шпанија – сега или никогаш!

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е на насловната страна на денешниот број на шпанскиот весник „АС“.

Весникот излезе со наслов „Погба – сега или никогаш“, алудирајќи на неговиот трансфер во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако има погоден момент за доведување на фудбалер како Погба, тоа е овој“, заклучи мадридскиот весник.

Реал Мадрид уште минатото лето покажа силен интерес за Погба, но не успеа да постигне договор со Манчестер Јунајтед, кој за неговата слобода бараше 150 милиони евра.

Погба оваа сезона се мачи со повреди и од септември е надвор од терените, па неговата цена драстично падна, а се чини дека и Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде после доведувањето на Бруно Фернандеш.

Реал Мадрид и понатаму е силно заинтересиран за Погба, а Зидан го стави својот сонародник на врвот на листата на желби. Весникот тврди дека големи се шансите „кралевите“ ова лето да го комплетираат трансферот и Погба да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …