Италијанскиот фудбалер Моис Кин ќе остане во Евертон и наредната сезона, пренесува Ливерпул Ехо.
Младиот напаѓач во редовите на Карамелите пристигна претходното лето од Јувентус за 27 милиони евра, но за сега игра катастрофална сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 26 одиграни натпревари постигна само еде погодок и запиша две асистенции. Се споменуваше дека ќе се врати во Серија А и тоа на позајмица.
Сепак, споменатиот извор тврди дека од тоа нема да има ништо и дека Анчелоти ќе му даде уште една шанса на Кин.
Инаку, Кин на позајмица сакаше да го донесе Рома, а подоцна интерес покажаа и Сампдорија и Болоња, но изгледа од тоа нема да има ништо.