Дома Фудбал Останато Двајцата најскапи млади фудбалери играат во ист тим – видете кои се во Топ 20!

Двајцата најскапи млади фудбалери играат во ист тим – видете кои се во Топ 20!

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо е најскапиот млад фудбалер на планетата. Тоа денес го објави  Фудбалската асоцијација за историја и статистика (CIES).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рангирањето е направено за млади фудбалери родени од 2000 година па наваму. Според анализите Џејдон Санчо во моментов вреди 198.5 милиони евра.

На второто место е неговиот соиграч, норвеѓкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој во јануари се пресели во Борусија Дортмунд и неговата моментална цена изнесува 101 милион евра.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго е на третото место со цена од 88,9 милиони евра, а после него доаѓаат Винисиус Јуниор и Ходсон – Одој од Челзи.

Цената е пресметана со редица на фактори како возраст, должина на договорот, улогата во репрезентацијата, развој на кариера…

Ова е листата со Топ 20 најскапи млади играчи во моментов!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…